Украина
Урсула фон дер Лајен во посета на Киев
04.11.2023 11:37
Прашањето за проширувањето на ЕУ ќе биде на врвот на агендата на разговорите со претседателот Зеленски...

Украинските власти тврдат дека Русија го извршила најголемиот напад со беспилотни летала во последните неколку недели врз западниот и јужниот дела на земјата. Во посета на Киев е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Прашањето за проширувањето на ЕУ ќе биде на врвот на агендата на разговорите со претседателот Зеленски, но и финансиската и воената поддршка и санкциите кон Русија.
