партии

ВМРО-ДПМНЕ: Аферата „Диво месо“ на Онкологија покажува постоење на канцер мафија која работи и денес

04.11.2023 12:22

Во соопштението до медиумите документите доставени до партијата за аферата „Диво месо“, отвораат сомнеж дека покрај постоење на канцер-мафија, има и други слични проблеми на клиниката кои не се познати во јавноста...

Скандалот на Клиниката за онкологија покажува дека со владата на СДСМ и ДУИ, криминалот и корупцијата се во сите пори на општеството, а најмногу каде што треба да се спасуваат животите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението до медиумите документите доставени до партијата за аферата „Диво месо“, отвораат сомнеж дека покрај постоење на канцер-мафија, има и други слични проблеми на клиниката кои не се познати во јавноста.

Сомнежите според опозицијата се најмногу поради тоа што ниту еден од надлежните на Клиниката за онкологија, Министерството за здравство, но и Владата не реагираат по укажувањата на Државната ревизија за доцнењето на доставата на лекови, а нема ниту евиденција колку единици од еден лек користеле пациенти.

Од партијата обвинуваат дека канцер-мафијата заработува на грбот на граѓаните, а сè уште има само предистрага, без обвинителен акт.