партии

СДСМ: 2 години локална власт, ДПМНЕ не ја оправда довербата од граѓаните

04.11.2023 12:31

Резултатот во над 40 општини е нула проекти и безброј нереализирани ветувања од изборните програми. Дополнително во општините под капа на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните плаќаат поголеми сметки, се вели во соопштението на СДСМ...

Две години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата којашто ја доби на локалните избори, велат од СДСМ.

Резултатот во над 40 општини е нула проекти и безброј нереализирани ветувања од изборните програми. Дополнително во општините под капа на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните плаќаат поголеми сметки, се вели во соопштението на СДСМ.

Според партијата, речиси сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги зголемиле цените за данок на имот и останати давачки и до 300 насто. Наместо развој, локалните власти обезбедија нови долгови и партиски вработувања, велат од СДСМ.