Пронајдени бесправно исечени огревни дрва во ресенско, приведено едно лице

04.11.2023 13:01

Дрвната маса е одземена и предадена на Национални шуми Подружница Ресен...

Вчера полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен го лишиле од слобода Б.Н.(75) од с. Шурлинци, ресенско. Кај него, во дворното место во с. Шурлинци е пронајдена поголема количина огревно дабово дрво, без жиг и испратница.

Дрвната маса е одземена и предадена на Национални шуми Подружница Ресен, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.