Здруженијата на новинари го осудија враќањето на државното рекламирање во медиуми
Во соопштението до јавноста се вели дека ваквиот став е врз основа на експертска процена дека предложените измени ќе бидат штетни за медиумите, нивната независност и слободата на новинарите...

Новинарски здруженија и граѓански организации од медиумскиот сектор категорично се спротивставуваат на обидот за повторно враќање на државното рекламирање во медиумите. Во соопштението до јавноста се вели дека ваквиот став е врз основа на експертска процена дека предложените измени ќе бидат штетни за медиумите, нивната независност и слободата на новинарите. Реагираат и зошто овој закон се носи со европско знаменце и по брза постапка. Предложените измени немаат поврзаност со европските реформи кои се очекуваат од нашата земја.
Сметаат дека со предложениот систем на распределба на јавните пари се воведува корупција во приватниот медиумски сектор и место квалитетни вести и продукција на домашни содржини граѓаните ќе добиваат реклами на државни институции.
Предлагаат, преку дебата да се најде начин за помош на медиумите преку поддршка на програмска продукција.
