инфраструктура

Велес: Новиот регионален пат пократок во ширина

04.11.2023 14:01

Обновениот регионален пат од Велес до Езеро Младост е скратен во широчина, реагираат возачите. Од ЈП Државни патишта велат дека нема кратено по широчина на патот …

Ново асфалтираниот регионален пат од крстосницата кај Башино село до Езеро Младост, предизвика лавини реакции кај велешани. Сопствениците на возила кои ја минуваат оваа делница реагираат на широчината на патот, дека е скратен, па две возила не можат да се разминат. Членот на Советот на општина Велес, Игор Смилев дури изврши и мерење на широчината на патот, за да документира дека изнесува 4,50-4,60 м. Наспроти потребните 5,50 м.

Овој пат е регионален и тука минуваат камиони, автобуси кои тешко се разминуваат. Нема ниту хоризонтална сигнализација по средината, не е обележан. Дури и поставените столпчиња на маргините, не дозволуваат возилото да оди во десно, да се разминат со тие што доаѓаат од спротивен правец. Од ЈП за Државни патишта ги отфрлаат тврдењата дека патот е скратен по широчина.

Делницата е во должина од 4,88 км. И заедно со таа на регионалниот пат Петровец – Катланово од 3,52 км, е инвестицијата во висина од 164,12 милиони денари.

 

Петар Печков