Етно музеј на отворено во струмичко Куклиш
Со цел да не се заборави македонската историја, Васил Ценев од струмичко Куклиш почна да собира стари предмети и бесплатно отвори Етно музеј во семениот двор. Околу стотина антиквитети стари и по еден век се изложени со цел младите да се запознаат за животот на куклишани …

Васе Ценев од струмичко Куклиш објаснуваше за пеглата на жар која се користела пред 50-тина години на учениците од локалното училиште Даме Груев. Тој својот семеен двор го претвори во мал етно музеј на отворено со стотина примероци кои го отсликуваат животот на куклишани низ годините.
Изложени се разновидни антиквитети. Опрема што се користела за традиционалната македонска кујна, разновиден алат за работа на нива, опрема за изработка на облека, инструменти. Како што вели Ценев дел се донација од свои соселани кои место да ги фрлаат му ги носат за да ги презентира на јавноста
Ценев кој по професија е гардеробер во струмичкиот театар има намера за овој мал етно музеј да го пресели во затворен простор.
Во дворот на семејството Ценеви од Куклиш изложени се околу 100 предмети дел стари и по еден век кои претставуваат сведоштво за животот и културата на жителите од струмичко Куклиш.
Ване Трајков
