31-во издание на интернационалниот фестивал „Камера 300“
Во пресрет на денот на ослободувањето на Битола, свечено беше отворен дводневниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. На 31-то издание пристигнаа 45 филмови од 10 европски земји, според стручното жири 16 влегоа во официјална конкуренција. Наградата гран при „Плакета Милтон Манаки“ за документарниот филм „Повратникот“ на авторот Диме Талевски …

На 31-то издание на интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ пристигнаа вкупно 45 филмови од 10 европски земји, според одлуката на стручното жири, 16 од нив влегоа во официјална конкуренција.
Со доделување на наградите, синоќа свечено беше отворен дводневниот фестивал на непрофесионален филм. Највисоката награда „Гран при“ во рацете на авторот Диме Талевски, за 14 минутниот филм „Повратникот“.
За разлика од лани, годинава имаше многу млади автори и се раскажаа различни приказни кои ќе бидат запаметени. Квалитетот на филмовите дополнително ја отежна работата на интернационалното жири.
Организаторот Хаџи Андоновски вели-за нас филмските аматери, фестивалот е од голем значење, преку него го негуваме и продолжуваме делото и го исполнуваме аманетот на браќата Манаки.
Традиционално како и секоја година, на фестивалот беа доделени и наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300, авторски награди за најдобра камера, монтажа, репортажа и режија и плакета на УНИКА за најдобар македонски филм.
Александра Максимовска
