Политика

Се прават комбинаторики за претстојните избори

04.11.2023 15:52

Идната недела многу појасно дали вториот круг од претседателските и парламентарните избори ќе бидат заедно или одвоено. Работните групи не се формирани, но во Собранието средби меѓу пратениците има. Иако здружената албанска опозиција ќе биде фактор на следните избори, професорот Башким Селими за МТВ вели-без интегративците тешко ќе се формира идната влада...

Вториот круг од претседателските и парламентарните избори во ист термин или одвоено и кога ќе се гласа, ќе се знае веројатно следната недела. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели во Собранието има средби меѓу пратениците на кои се дискутира за технички измени на Изборниот законик по препораките на ОБСЕ/ОДИХР и, како што вели, има сериозен напредок. Тој не објави кои ќе бидат персоналните решенија со кои партијата ќе трча на изборите, но го повтори ставот дека треба да се одржат заедно за да се избегне двоен трошок.

Здружената албанска опозиција несомнено ќе биде фактор на претстојните избори, вели за МТВ професорот Башким Селмани, но според него, ДУИ сè уште ужива доверба кај гласачите, но и кај двете најголеми партии од македонскиот блок. Очекува интегративците да бидат дел и од идната влада.

Албанскиот опозициски фронт составен од Демократското движење, Беса и Алтернатива му понудија на Таравари заеднички настап на изборите за, како што велат, по 20 години ДУИ да замине во опозиција. Алијанса за Албанците ја одби понудата и на избори ќе одат сами. Сè уште се размислува како ќе настапат на претседателските. Извесно е дека триото албански партии ќе имаат свој претседателски кандидат.

 

Анита Димитријевска-Велковска