Сообраќај

Во земјава недостиг на сообраќајна култура

04.11.2023 16:50

Тешките сообраќајни несреќи кои станаа се почеста слика во Македонија најчесто се или поради пребрзо возење или причината е алкохол. Полицијата колку и да се обидува да санкционира на терен сепак останува за сообраќајната култура да се грижат граѓаните. Инаку за една година изречени се 250 илјади казни …

Морничава слика, страв, жалење. Сообраќајна несреќа. Неколкумина повредени, загинати. Секојдневно сме сведоци на ова. Најчеста причина брзо возење, недржењето правец на движење и алкохолизираните возачи. Загрижува и употребата на мобилен телефон за време на возење. Причина се и пешаци и велосипедисти кои не ги почитуваат знаците и правилата. Со еден збор ни недостига сообраќајна култура.

МВР и институциите надлежни за безбедност во сообраќајот уверуваат дека работат во континуитет за подигнувањето на сообраќајната култура. За тие кои не ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, делуваат и репресивно. Полицијата годишно изрекува околу 250 илјади санкции за сообраќајни прекршоци од кои најголем дел за пребрзо возење.

За намалувањето на жртвите во сообраќајот, но и за поголема култура во него потребна е нова национална стратегија, велат од здружението „Медиум“.

Дали високите казни се решение или надлежните треба да се обидат со нешто друго за да смени менталитетот.

Честопати луѓето се лажат со мислата дека ако возат брзо, ќе стигнат порано. Казната за брзо возење може да ја платат, но дали се подготвени да ја платат цената на животот.

Важно е да се има сообраќајна култура и да се почитуваат правилата и прописите.

 

Наташа Гркова Петрушевска