Колумбијците владеат на „Џиро“
Двојна етапна победа на Колумбијците, двојна Колумбиска битка за конечна победа...

Велосипедистите од сиромашната Јужноамериканска земја во моментов се главните протагонисти на 97-то издание на Џиро Д,Италија. Денешната 18-та етапа од Белуно до Рифуџо Панарота во должина од 171 километар одново се одвиваше низ планинските превои на Доломитите, со неколку успони од прва категорија. Фаворитите, главно имаа целосна контрола врз случувањата. Колумбиецот Хулијан Редондо, кој е во сината маичка како најуспешен ридски возач, ја искористи укажаната можност да ја извојува првата гран-тур победа во кариерата. Беше следен од сонародникот Фабио Дуарте со заостанување од 17 секунди втор пристигна на целта. Третото место го освои Филип Дигнен од Ирска. Лидерот на „Џиро“, Колумбиецот Наиро Кинтана без поголеми проблеми ги мина и денешните искушенија ,лесно зачувувајќи ја розовата маичка. До рамо и натаму стои неговиот сонародник Уран. Французинот Пјер Ролан се проби на третата позиција во генерален пласман, искористувајќи ја денешната немоќ на Австралиецот Кадел Еванс, кој од третата позиција падна дури на 9-та, со малку шанси да се врати во трката за подиумот.Утре на програмата на „Џиро“ е индивидуалниот хронометар делницата од Басано дел Грапа до Кима Грапа во должина од 26.8 километри.
Џиро Д,Италија 18-та етапа:
1.Хулијан Редондо (Кол) 4:49.51 часа
2.Фабио Дуарте (Кол) +0.17 сек.
3.Филип Дејгнен (Ирс) +0.37 сек.
Генерален пласман:
1.Наиро Кинтана (Кол) –
2.Ригоберто Уран (Кол) +1.41 мин.
3.Пјер Ролан (Фра) + 3.29 мин.
