Ескобар: Софија уверува, нема услови за Македонија
Во однос на уставните измени, американскиот дипломат вели дека тоа е на народот на Македонија да одлучи, потенцирајќи дека реформите, потребни за членство во Унијата треба да се одржат и да бидат целта кон која се стреми земјата, а не за домашна политичка добивка на која било од страните...

Заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во телефонско интервју за Гласот на Америка на македонски, рече дека бугарските колеги го увериле оти немаат намера да додадат повеќе услови за Македонија на патот кон ЕУ. Сепак нагласува дека не се работи за цврсти гаранции.
Во однос на уставните измени, американскиот дипломат вели дека тоа е на народот на Македонија да одлучи, потенцирајќи дека реформите, потребни за членство во Унијата треба да се одржат и да бидат целта кон која се стреми земјата, а не за домашна политичка добивка на која било од страните.
Ние ќе продолжиме да стоиме покрај оние луѓе кои сакаат реформи и кои сакаат да ги исполнат европските барања, нагласи Ескобар во телефонското интервју за Гласот на Америка на македонски.
