ИЗРАЕЛ – ХАМАС

Израел со ново предупредување до Палестинците

04.11.2023 19:19

Имате три часа да го напуштите северот на Газа - Израел со ново предупредување до Палестинците .15- мина се убиени, десетици лица се повредени во воздушниот напад на амбулантни возила што вршеле превезувале на ранети луге. Нема официјални информации до каде се македонски граѓани кои заминаа преку граничниот премин Рафа, ниту пак дали брачниот пар кој беше заглавен во Појасот успеал да се евакуира. Состојбата на терен се вжештува. Турција прекина дипломатски односи со Израел...

Израелските власти велат дека напредуваат во Појасот Газа и очекуваат нападите од Хамас да стивнат. Жестоки битки се водат во северниот дел на енклавата, нападнати и цели во јужниот дел на Појасот при што се ликвидирани неколку оперативци на Хамас.

„Ги елиминираме теренските команданти на Хамас над и под земја. Од почетокот на војната, заедно со службата за безбедност убивме 10 терористи на Хамас со чинови команданти на полкови и команданти на бригади“, изјави Даниел Хагари – портпарол на израелската одбрана.

СЗО и ООН го осудуваат нападот врз амбулантни возила и болници во Газа. Генералниот секретар Гутереш одново повика на прекин на огнот и ослободување на заложниците. По интензивните бомбардирања, хуманитарна помош беше доставена до болницата Насер во Кан Јунис. Откако граничниот премин Рафа беше отворен за странски државјани, жителите на Газа заробени на преминот очајно се надеваат дека ќе запре конфликтот.

„Мислам дека сите што се во Газа се едвај живи. Не можам да замислам што му треба на светот за да види повеќе од овој геноцид за да побара прекин на огнот или да престане сето она што се случува во изминатите денови. Се обидувавме да обезбедиме храна, вода, гориво, ништо нема“, изјави Тала, жителка на Газа.

Хезболах објави видеоснимка за која се вели дека ги прикажува нападите врз израелските пунктови по должина на границата со Либан. По вчерашното обраќање на водачот на милитантната група, од Пентагон велат дека е избегнат поширок конфликт на Блискиот Исток.

„Во моментов гледаме дека овој конфликт е содржан меѓу Израел и Хамас. Генерално кажано, спречен е поширок регионален конфликт. И затоа ќе продолжиме да го правиме тоа. Не бараме никаков конфликт со Иран. Ние не бараме конфликт во целиот регион“, изјави бригаден Генерал-Патрик С.Рајдер - портпарол на Пентагон.

Војната меѓу Израел и Хамас тема на разговорите во Аман во формат 6+1. Министрите за надворешни работи на Јордан, Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар на средба со американскиот државен секретар Блинкен. Во меѓувреме, турскиот претседател Ердоган изјави дека ги прекинува сите контакти со израелскиот премиер Нетанјаху. Анкара го повика својот амбасадор во Израел на консултации поради одбивањето на Тел Авив да се согласи на прекин на огнот во Газа.

 

Маријана Димовска