Повторно зачестија обидите за криумчарење мигранти во југоистокот
Последниов период повторно зачестија обидите за криумчарење мигранти. Според МВР за првите 9 месеци спречени се речиси 11 илјади обиди за илегални преминувања на државната граница а расте бројот и на криумчари. За првите 9 месеци откриени се дури 77 случаи при што се поднесени кривични пријави против 72 лица …

Повторно зачестија обидите за криумчарење мигранти. Последните денови на територијата на Југоистокот, полицијата континуирано открива случаи во кои се пренесуваат лица кои во земјава влегле претежно од македонско грчката граница за првите 9 месеци од годинава откриени се 77 случаи на криумчарење и тоа на 786 миграните. Кривично ќе одговараат 72 лица од кои 10 за соизвршителство и помагање на криумчарење мигранти.
Лани во земјава откриени се 107 случаи на криумчарење миграните. Кривични пријави се поднесени против 122 лица. Бројот на криумчари годинава и лани е поголем од 2021 кога се регистрирани 64 случаи а мерки на кривичен прогон се превземени против 77 лица.
За првите девет месеци на државните граници на Македонија спречени се 10.949 обиди за илегални преминување. Границата со Грција и понатаму е најексплоатирана за незаконски влез во мигранти со потекло од Сирија Мароко и Авганистан кои се обиделе да влезат во земјава која ја користат како транзитна за западноевропските држави. Според полицијата дел од мигрантите и агресивно се однесувале.
Според последните полициски билтени во месец октомври откриени се околу 100 мигранти кои илегално влегле во земјава. Најмасовниот се случи на 26-ти октомври кај Негорци гевгелиско кога 7 мигранти од Пакистан биле водачи на група од 77 миграните од Сирија Пакистан, Турција, Ирак и Индија кои илегално влегле во земјава.
Ване Трајков
