Тетово

Тетово: Диви депонии редовна слика во руралните општини

05.11.2023 14:23

Градежен шут и друг разновиден отпад со години ги загадуваат живописните предели во руралните општини од тетовско и шарпланинскиот масив. Мештаните бараат редовно чистење на сметот, но и поголема контрола на локациите каде се фрла отпадот …

Илија Антоски од тетовското село Жилче вели дека најплодните површини стануваат локации за депонирање на смет. Властите да ги расчистат депониите и да најдат соодветно место за оваа намена.

Глетката со купишта смет е сè почеста во полошко. Во рамничарскиот дел, но и на планините. Се фрла смет и покрај реки и патишта.

Министерката за животна средина Каја Шукова вели дека граѓаните од полошко бараат чистење на депонии. Но тие самите ги создаваат, а комунални услуги се помалку плаќаат.

Таа вели дека Министерството одвојува средства за чистење на депониите особено на шарпланинскиот масив, на истите локации повторно се создаваат нови. Потребна е поголема еколошка свест, но и инспекциски контроли, додава Шукова.

Но, во Јегуновце каде депониите ја грдат оваа рурална општина нема инспектор за животна средина.

Антоски вели дека во општината се помалку има земјоделци оти нив никој не ги заштитува и помага. Нема откуп за земјоделските производи, субвенциите доцнат, а нивните ниви веќе започнаа да се користат како места за диви депонии.

 

Зоран Димовски