Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
05.11.2023 08:30
Попладне облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има врнежи од дожд...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 70 km/h.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
