ГЕРМАНИЈА
Аеродромот во Хамбур затворен, маж упадна со автомобил на пистата
05.11.2023 10:24
Во него биле двајца луѓе, вклучувајќи и дете...

Полицијата на Хамбург се справува со заложничка драма на аеродромот, кој и натаму е затворен, откако вооружен маж синоќа упадна на пистата со автомобил. Во него биле двајца луѓе, вклучувајќи и дете. Сите полетувања и слетувања се во прекин. Се контактира со 35-годишниот возач, кого сопругата го пријавила за киднапирање на нивното четиригодишно дете.
Осомничениот двапати истрелал во воздух и фрлил запалени шишиња од автомобилот, откако ја пробил безбедносната ограда на пистата. Автомобилот е паркиран под еден авион.
