ЕВРОПА

Две лица загинаа во Бугарија по изобилните врнежи што синоќа ја зафатија земјата

05.11.2023 15:23

Без струја остана неколку села и градови...

Балканскиот Полуостров ги санира последиците од невремето. Две лица загинаа во соседна Бугарија по изобилните врнежи што синоќа го зафатија поголемиот дел од земјата. Без струја остана неколку села и градови.

Поплавени се бројни улици. Силно невреме ја зафати и Грција, Хрватска и Словенија. Властите се загрижени поради излевањето на реките и појавата на одрони.