Германија

Заврши заложничка драма на аеродромот во Хамбург

05.11.2023 19:09

Таткото кој 18 часа ја држеше својата ќерка како заложник, без отпор се предал и е приведен...

Заврши заложничка драма на аеродромот во Хамбург. Таткото кој 18 часа ја држеше својата ќерка како заложник, без отпор се предал и е приведен. Од доцна синоќа на аеродромот зградите на терминалот и неколку авиони беа евакуирани откако вооружен маж со својата четиригодишна ќерка со автомобил се проби на пистата.

Од полицијата известија дека таткото двапати пукал во воздух, а постоеа и сомнежи дека со себе има експлозивни направи од непознат тип.

Мотивот за инцидентот најверојатно е спор околу старателството над ќерката. Според германските медиуми, таткото е државјанин на друга земја.