Најтрофејниот тим го врати ударот во финалната плеј-оф серија со шампионот

МЗТ Скопје на колена пред Работнички, ќе има уште најмалку два меча за титула

29.05.2014 22:22

На општо задоволство на кошаркарските сладокусци кај нас, особено на оние што се неоптоварени со клупски бои, финалето на плеј-офот меѓу вечните македонски ривали нема да трае само три средби. Работнички му го нанесе првиот пораз воопшто сезонава на бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром, славеше со 89-83 и изедначи на 1-1 во финалната серија. Тоа значи најмалку уште два меча до крајот, се додека еден од претендентите не стигне прв до три.

Иако во поголем дел од првите две четвртини го контролираше мечот, а на пауза имаше водство од дури 14 поени (45-31), актуелниот првак потклекна пред жестокиот налет на Работнички во второто полувреме. Неверојатно преродени по одморот во споредба со првиот дел, како симнати од сосема друга планета компарирано со лошото издание во претходниот меч, кошаркарите на Работнички одиграа најдобри сезонава дваесет минути, по коишто наполно заслужија МЗТ да го положи оружјето пред нив.

Дарко Соколов и овој пат беше нивни лидер на паркетот со 21 поен и шест асистенции, иако за разлика од вторникот, сега имаше одлична поддршка и од уште неколкумина соиграчи. Американецот Вилијам Колмен одигра најквалитетно откако дојде во тимот од „Градски Парк“ и освен со 13 поени, придонесе и со неколку атрактивни забивања, блокади и со одлична дефанзивна партија, особено во последната четвртфина. Горан Икониќ, Марко Симоновски и Дарко Кнежевиќ уфрлија по 12 коша за победничкиот тим. Дамјан Стојановски беше најефикасен кај МЗТ со 21 погодок, Тодор Гечевски постигна 19.

Во кој правец ќе продолжи финалната плеј-оф серија, ќе покаже наредниот трет натпревар којшто ќе се одигра в недела, повторно во „Борис Трајковски“, но тогаш во улога на домаќин ќе биде МЗТ Скопје.