Ревија на современ италијански филм под називот „Cinema Made in Italy“
Синеплекс во Скопје ќе се одржува ревија на современ италијански филм. Ќе се прикажат четири филма од најновата италијанска продукција кои беа прикажани на последното издание на Филмскиот фестивал во Венеција..
Од денеска до 9-ти ноември, во киното Синеплекс во Скопје ќе се одржува ревија на современ италијански филм. Настанот, кој во нашава земја се случува за првпат, е организиран од славното филмско студио „Чинечита“, Италијанскиот институт за култура во Белград, Амбасадата на Италија во Скопје и Синеплекс.
Ќе се прикажат четири филма од најновата италијанска продукција кои беа прикажани на последното издание на Филмскиот фестивал во Венеција: „Убаво лето“ во режија на Лаура Лукети, „Како овци меѓу волците“ на Лида Патитучи, „Мими – принцот на ноќта“ во режија на Брандо де Сика и „Адаџо“ на Стефано Солима.
Филмовите се титлувани на македонски јазик, а проекциите започнуваат во 20 часот. Филмската ревија е дел од богатата програма на настани организирани од Амбасадата на Италија во Скопје, по повод одбележувањето на 30. годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Италија и Република Северна Македонија.
Фото:/ Cineplex.Mk