Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
ЈП „Водовод и канализација“- Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола...

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 30.10.2023 до 03.11.2023 зема 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18), се наведува во соопштението ЈП „Водовод и канализација“.
