Субвенции за наводнување на пченка

30.05.2014 09:27

Објавен е јавен повик за субвенционирање на нови бунари и системи за наводнување на пченка.Крајниот рок за пријавување е до 30 јуни годинава

Земјоделците заинтересирани да инвестираат во наводнувањето годинава можат да побараат субвенции од државата.

За опрема за системи капка по капка за пченка и фуражни култури може да се одобри износ  до 920 илјади,а за бунарите 360 илјади денари.

Кај  пченката се субвенционираат надземни и подземни системи,филтри,пумпи цевки  и електрична опрема,а за бунарите ископ,шахти, агрегати и генератори.

Парите  се добиваат со ко-финансирање на  инвестицијата  до 50 проценти  од одобрените трошоци.

Фармерот треба да има  деловен план и дозвола за водно право од министерството за животна средина.