МВР: 306 санкции за брзо возење на територија на државата
11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 306 возачи.
Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 191 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
