Конференција

Меѓународната научна конференција за предизвиците за безбедност и стабилност во Европа

06.11.2023 11:32

Европскиот центар на Варшавскиот универзитет и битолскиот дискутираа на Меѓународната научна конференција за предизвиците за безбедност и стабилност во Европа по отворените воени жаришта со руско-украинскиот и израелско-палестинскиот воен конфликт...

Воените турбуленции кој моментално се актуелни на светот во Битола тема на Mеѓународната научна конференција за предизвиците за безбедност ни стабилност во Европа помеѓу претставниците на Варшавскиот Универзитет и УКЛО.

Од Европскиот центар на варшавскиот Универзитет, посебен акцент беше ставен на дезинформациите и пропагандата која доаѓа од Москва кон полскиот народ.

„Научени од историјата во минатото сепак луѓето од Полска се помалку веруваат на тоа што ќе го добијат како вест и се трудат да ги добиваат вистинските вести“, изјави Камил Зајачковски-директор на Европскиот центар во Варшава.

Оваа конференција треба да покаже што значи кога делуваме заедно без разлика дали некоја земја е членка или се стреми да биде дел од ЕУ беше нагласено од македонска страна.

До сите оние кои носат важни светски одлуки космополитска порака и од градот домаќин кој повеќепати бил воено пустошен.

Возвратна научна конференција ќе се одржи и во Полска по што научните трудови ќе бидат публикувани и испратени до релевантните места.

 

Стевче Митревски