Кина

Снежна бура го погоди североисточниот дел на Кина

06.11.2023 12:12

Невообичаено студено време и снежни виулици го погодија североисточниот дел на Кина. Стотици летови се откажани, училиштата затворени...

Невообичаено студено време и снежни виулици го погодија североисточниот дел на Кина. Стотици летови се откажани, училиштата затворени.

На жителите им се препорачува да останат дома. Поради екстремно студеното време, градските управи во Пекинг и Тијанџин ги прават подготовките грејната сезона да почне порано од вообичаено.