Награда на Светскиот самит за мобилни апликација 2014
Министерството за информатичко општество и администрација ги потсетуваи ги охрабрува сите ентузијасти кои сакаат да добијат можност за учество во изборот за Награда на Светскиот самит за мобилни апликации, да ги испрататпотребните содржини и информации најдоцна до 1 јуни 2014 година.

Наградата наСветскиот самит за мобилни апликации има за цел да овозможи придобивките од современите информатички технологии да станат пристапни изначајни за општеството.
Предлог-проектите можете да ги поднесете во една од следниве категории :
- м-бизнис и трговија
- м-влада и учество
- м-учење и образование
- м-забава и животен стил
- м-туризам и култура
- м-медиуми и вести
- м-животна средина и здравство
- м-инклузивност и оспособување
Иницијативата е под покровителство на Обединетите Нации, која ги избира нај добрите производи од повеќе од 160 земји членки на организацијата.
Пријавените мобилни апликации најдоцна до септември 2014 година, ќе бидатоценети од страна на меѓународно жири во кое членува и заменик министерот заинформатичко општество и администрација на Република Македонија, Марта АрсовскаТомовска, кое ги избира 40-те победници, по пет во секоја категорија.
Наградите на Светскиот самит ќе бидат доделени во Абу Даби, од 1 до 3февруари 2015 година.