76 делегации и над 1.000 учесници на Самитот на ОБСЕ во Скопје
Овој самит е особено важен оти Организацијата за безбедност во Европа е на крстосница, нема донесено буџет од 2020-та, а за следната година нема ниту избрано држава претседавач. Доколку во Скопје, Естонија не добие поддршка, можно е земјава да продолжи да претседава со ОБСЕ.

76 делегации и над 1.000 учесници ќе пристигнат на Самитот на ОБСЕ во Скопје од 29-ти ноември, информираше претседавачот Османи. Овој самит е особено важен оти Организацијата за безбедност во Европа е на крстосница, нема донесено буџет од 2020-та, а за следната година нема ниту избрано држава претседавач. Доколку во Скопје, Естонија не добие поддршка, можно е земјава да продолжи да претседава со ОБСЕ.
„Првпат нема претседавач за 2024-та, а треба две години однапред да се одреди. Поделени се земјите по ова прашање“, рече Османи и очекува одлуката да се донесе токму во Скопје.
Шефот на дипломатијата нагласи дека собирот е можност за дијалог на министрите на најголемите земји во светот да комуницираат за прашања за регионот на ОБСЕ.
Во логистика за настанот ќе бидат ангажирани над 200 луѓе, 200 војници ќе бидат возачи за спроведување на делегациите. Ќе биде обезбеден и чартер-лет од Брисел за Скопје, а некои делегации ќе дојдат со свои авиони.
Собирот ќе почне со неформална вечера на 29-ти ноември, а на 30-ти ноември е формалниот дел со обраќање на министрите.
