Арсовска Томовска на Првиот Smart Boot Camp For Medical Technology Services

30.05.2014 09:46

Во организација на првиот акцелератор во Република Македонија New Man’s Business Accelerator, во Скопје се одржа едукативен настан во рамките на кој се одвиваа завршните презентации на Првиот Smart Boot Camp For Medical Technology Services. Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, беше дел од жири комисијата која ги оценуваше тимовите учесници на настанот.

Победничкиот тим VMAdoc како награда доби бесплатно користење на работни простории во New Man’s Business Accelerator во период од два месеца, каде ќе има можност да ја развива својата идеја и истата да ја пласира на пазарот.

Инаку, студенти од економски, медицински и технички области на овој едукативен настан осмислуваа и презентираа софтверски решенија на предизвици или проблеми од областа на здравството и креираа иновативни продукти како резултат на комбинацијата на знаења од различни области.