Македонија

Османи очекува објективен извештај на Европската комисија

06.11.2023 14:10

Извештајот што треба да биде објавен за два дена, ќе биде прв по почнувањето на преговорите со ЕУ.

Очекувам објективен извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, во кој ќе има признание за постигнатото, но и критика за слабостите, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Извештајот што треба да биде објавен за два дена, ќе биде прв по почнувањето на преговорите со ЕУ.

Османи посочи дека сите се одговорни за продолжувањето на евроинтеграцијата, со исполнување на условот од преговарачката рамка за уставни промени.