Македонија
Одложена евакуацијата на брачниот пар македонски државјани во Газа
06.11.2023 14:15
Причината е што граничниот премин Рафах бил бомбардиран и привремено затворен за евакуацијата на странските државјани од Појасот Газа.

Евакуацијата на брачниот пар македонски државјани коишто сè уште се во Газа е одложено, изјави шефот на дипломатијата Османи. Причината е што граничниот премин Рафах бил бомбардиран и привремено затворен за евакуацијата на странските државјани од Појасот Газа.
Министерот за надворешни работи Османи, вели покрај брачниот пар, во Газа се наоѓа уште еден македонски државјанин којшто одбил да биде евакуиран оти работи за хуманитарна организација.
