ЕБОР: Штетата во Србија до две, во БиХ до 1,3 милијарди евра

30.05.2014 10:06

Уништувачките поплави ја оштетија српската економија со 1,5 до 2 милијарди, а босанската со 1,3 милијарди евра

 Ова е првичната анализа на штетата направена од Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), во која се прогнозира раст на инфлацијата и пад на БДП во овие две балкански држави. Во поплавите загинале 60, а над милион лица биле погодени, уништени се стотици објекти, училишта, болници, обработлива површина и јавна инфраструктура. Аграрот во поплавените подрачја ќе претрпи штета од неколку стотици евра, прогнозирта ЕБОР. Исто така, на удар е и енергетскиот и рударскиот сектор, особено во Србија.  Најголемиот српски рудник за јаглен  Колубара беше потполно поплавен. ЕБОР исто така наведува дека, поради поплавите во Србија, кои уништија делници од патиштата и железниците, штетата ќе се одрази и врз водењето бизнис во целиот регион. Сегашните проценки на растот на БДП во 2014-та се 1,8 за Босна, и еден насто за Србија, но ЕБОР предвидува нивна ревизија и намалување.  ЕУ веќе префрли 65 милиони евра во поплавените подрачја, а Унијата планира и донаторска конференција за забрзување на заздравувањето на економијата во Србија и БиХ.

Зоран Богатинов