Охрид

Почина едногодишно бебе во Охрид

06.11.2023 19:26

За настанот бил информиран јавен обвинител по чија наредба, телото било предадено на семејството...

Изутрина во СВР-Охрид од Охридската општа болница било пријавено дека во болницата во тешка здравствена состојба како резултат на претходни заболувања било донесено едногодишно бебе. По реанимацијата била констатирана смрт без траги на насилство. За настанот бил информиран јавен обвинител по чија наредба, телото било предадено на семејството.

Од здравствената институција сè уште нема официјални информации за овој трагичен случај, а од болницата ветија дека ќе има соопштение во наредните часови.