Свет
Непал: Нов земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер
06.11.2023 20:40
Потресот бил на длабочина од 10 километри...

Нов земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер повторно го погоди Непал. Потресот бил на длабочина од 10 километри. Пред само три дена, северозападниот дел од земјата беше речиси целосно уништен во страотниот земјотрес од 6,4 степени во кој загинаа над 150 луѓе.
Голем број куќи во селата се урнати или оштетени, а илјадници луѓе и натаму се без покрив на главата.
