Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
07.11.2023 08:22
Денеска во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец...

Денеска во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 24.
Во Скопје наутро со услови за слаба магла во делови од котлината, a преку денот ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер со максимална температура до 21 степен.
