Лозарство

Стратегија за развој на лозарството и винарството

07.11.2023 08:32

Изготвена e националната стратегија за развој на винарството и лозарството за следните 10 години. Се предвидува двојно поголем извоз на флаширано вино, обнова на 30 проценти од лозовите насади и нивно зголемување за 5 отсто...

Во винарството се предвидува зголемување на извозот на вино во шишиња за 50, а за 10 проценти на вредноста на наливното вино и воспоставување на најмалку три заштитени географски ознаки. Во лозарството, обновување на насадите за 30 и нивно зголемување за 5 отсто. Во националната стратегија за развој на винарството и лозарството 2023-33, се предвидува и на 4 проценти од лозовите насади да се произведува органско сертифицирано винско грозје.

Цел на десетгодишна стратегија е да се создадат се и нови селектирани клонови вина за Кратошија, Вранец и Станушина, да има јавно достапен и функционален дигитализиран лозарски катастар и развиен вински туризам.

Документот е подготвен во соработка со стручната фела, здруженијата на земјоделци и на винариите.

Стратешка цел според ресорното Министерство, е зајакнување на конкурентноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, искористеност на целиот потенцијал на оваа гранка, создавање препознатлив вински бренд на регионалните и интернационалните пазари, со фокусирање на локални сорти и на поднебјето за да се изнајдат и потенцираат нивните најдобри карактеристики.

 

Методија Трајков