Трета седница на работната група за реформи на изборното законодавство
Работната група за спроведување реформи во изборното законодавство денеска ќе ја одржи третата седница и ќе ја разгледува работната верзија од изборниот законик, најави Министерството за правда...

Работната група за спроведување реформи во изборното законодавство денеска ќе ја одржи третата седница и ќе ја разгледува работната верзија од изборниот законик, најави Министерството за правда. На седницата на работната група, што ќе се одржи во Клубот на пратениците, ќе присуствува и министерот за правда Кренар Лога.
Работна група за реформи во изборното законодавство беше конституирана на крајот на април годинава, со задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да работи на нов изборен законик.
Во нејзиниот состав има претставници од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица и Демократски сојуз, додека ВМРО-ДПМНЕ не делегираше свој претставник. Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски неодамна ја повика ВМРО-ДПМНЕ да делегира претставник во рамки на оваа работна група, која треба финално да ги усогласи препораките на ОБСЕ/ОДИХР, посочувајќи во нејзини рамки да се разговара за точниот термин на претстојните избори.
