Собрание

Продолжение на комисиската расправа за избор на член на Уставниот суд

07.11.2023 08:46

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ја продолжи седницата за Предлогот за избор на судија на Уставниот суд...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ја продолжи седницата за Предлогот за избор на судија на Уставниот суд.

Седницата на Комисијата вчера беше прекината на барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески кој во процедурална забелешка оцени дека претседателката Марија Георгиевска ја свикала неделовнички. Мицески наведе дека поканата ја добиле во петокот но не им биле доставени материјали за точката од дневниот ред, иако деловнички така требало да постапува Георгиевска. Предлог за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија од страна на партиите од власта е професорката на Правниот факултет Јадранка Дабовиќ.

Предлогот за нов уставен судија е поради испразнетото место на судијата Јован Јосифовски чиј мандат истече во јануари 2022 година.

Во Собранието е закажана и седница на Комисијата за економски прашања која треба да ги разгледа предложените дополнувања на Законот за минерални суровини, по скратена постапка.