Кошарка

Шампионот Нагетс го совлада Њу Орлеанс

07.11.2023 09:42

Шампионот Денвер Нагетс убедливо со 134:116 го совлада Њу Орлеанс а Никола Јокиќ одново покажа зошто е најдобар играч во лигата...

Шампионот Денвер Нагетс убедливо со 134:116 го совлада Њу Орлеанс а Никола Јокиќ одново покажа зошто е најдобар играч во лигата. Српскиот центар го забележа 108-от трипл-дабл во НБА кариерата и сега е на високото четврто место пред легендите Леброн Џејмс и Џејсон Кид.

Јокиќ до трипл-дабл стигна пред крајот на третата четвртина кога Денвер успеа да надомести огромна негатива од-20 поени.

Покрај Јокиќ, супер средба одигра и Мајкл Портер со 22 поени, рукито Џулијан Стоутер додаде 21 поен а Колдвел-Поуп и Гордон запишаа по 15 поени во триумфот на Нагетс.

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ Facebook: Nikola Jokic