Руско-Украински конфликт
Не престануваат меѓусебните борби на Русија и Украина
07.11.2023 11:22
Руската воздушна одбрана уништила 17 дронови лансирани изутрина од Украина над Црното море и на полуостровот Крим...

Руската воздушна одбрана уништила 17 дронови лансирани изутрина од Украина над Црното море и на полуостровот Крим. Остатоци од беспилотните летала паднале врз покрив на приватна куќа во Андреевка, при што е предизвикан пожар и едно лице е повредено.
Украинскиот врховен командант Валериј Залужни, потврди дека неговиот помошник бил убиен кога експлодирала граната за време на роденденска прослава во неговиот дом во регионот на Киев.
Во меѓувреме Москва и официјално се повлече од клучниот безбедносен договор по студената војна.
