Индија
Њу Делхи диши токсичен воздух
07.11.2023 11:22
Според индиската агенција за мониторинг на животната средина, квалитетот на воздухот веќе петти ден е близу 400 ситни честички...

Поради екстремно загадениот воздух, властите во Њу Делхи наредија затворање на училиштата и носење маски на отворено. Според индиската агенција за мониторинг на животната средина, квалитетот на воздухот веќе петти ден е близу 400 ситни честички-ниво кое е за 10 пати повеќе од безбедносниот праг.
Во 20 милионскиот град се распоредени прскалки за вода и топови против смог за да се контролира маглата.
