МВР: 243 санкции за брзо возење на територија на државата
Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 243 возачи.
Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 145 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
