Kакво месо јадеме
Со користење на домашно месо, наспроти увезеното, го потикнуваме развојот на домашната економија, а со тоа повеќе средства за подобрување и унапредување на производтвото на квалитетна храна.Македонија има одлични климатски услови за одгледување на добиточна храна, а со тоа и квалитетен добиток кој се преработува по сите стандарди и завршува на трпезата на граѓаните –велат производителите од месната индустрија.

-Без надзор и сомнителни производи не треба да се купуваат.Пред се треба да си го цениме нашето здравје и она што го нуди нашето поднебје, кое нуди квалитетно месо.Не само во нашата фирма, туку и во целата држава се произведуваат безбедни и проверени месни производи вели технологот за преработка на храна Валентина Илиевска.
Дел од граѓаните се упатени и водат сметка за потеклото и квалитетот на месото ,но добар дел избираат според висина на цена при тоа запазувајќи го рокот на производот.
-Го ценам по боја, ако е бело или црвено во ред е , ако е помодрено тогаш не го купувам.
-Да е свежно , добро за такво месо користам ,а од каде тоа не прашувам.
-Кога ќе влезам во месара тие велат дека е тазе , домашно и јас како потрошувач не можам повеќе да контролирам –велат анкетираните граѓани.
Просечен Македонец годишно јаде по 10 килограми свинско месо, а европскиот просек е 43 килограми. Бројот на свињи во 2013 година во Македонија е зголемен за 10 отсто во однос на претходната 2012 година покажува статистиката.