Сообраќајна несреќа
Повеќе лица се повредени откако комбе се преврте на патот Струмица-Валандово
07.11.2023 12:00
Повеќе лица се полесно повредени во сообраќајка откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово

Повеќе лица се полесно повредени во сообраќајка откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“.
Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека несреќата се случила денеска околу 06:20 часот.
Од струмичката болница засега не можат да го потврдат точниот број на примени, повредени и задржани патници на лекување, бидејќи сè уште траат испитувањата и дополнително ќе ја соопштат точната бројка.
