МВР
Приведен криумчар на мигранти за издржување на шестгодишна затворска казна
07.11.2023 12:36
На место наречено „Ветерско“ во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода...

Синоќа околу 23.30 часот на место наречено „Ветерско“ во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Ќ.Н.(36) од с. Сингелиќ, скопско.
Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за сторени повеќе кривични дела „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во казнено-поправната установа затвор „Идризово“ за издржување на казната, стои во соопштението од МВР.
