Ковачевски: Картата на „голема Албанија“ доцни 145 години, ние гледаме на мапата на НАТО и обединета Европа
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, викендов, во кумановското село Сопот, го отвори меморијалниот центар на УЧК, пред чиј влез е поставена мермерна плоча со картата на „голема Албанија“. Премиерот Ковачевски со реакција...

Картата на „голема Албанија“ на споменикот во кумановски Сопот е задоцнета цели 145 години вели премиерот Ковачевски. Ваквите мапи за нас не се релевантни бидејќи ние гледаме во мапата на НАТО и обединета Европа-посочува премиерот.
„Она што ние го имаме денес како општество, воопшто не ги прави релевантни таквите мапи, бидејќи после 2001 година, по влегувањето во НАТО ние во нашата држава имаме други мапи коишто се релевантни а тоа е мапата на државите земји членки на НАТО и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ мапата којашто ние ќе ја имаме, и се надевам сите други земји од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа. И тоа е единственото нешто кое треба да го обединува целиот Балкан. Сето друго е, кажувам уште еднаш 145 години задоцнето“, изјави Ковачевски.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, викендов, во кумановското село Сопот, го отвори меморијалниот центар на УЧК, пред чиј влез е поставена мермерна плоча со картата на „голема Албанија“, што предизвика бури реакции во јавноста.
