Лесно повредни 15 патници откако комбе се преврте на патот Струмица - Валандово
Повеќе лица се повредени откако комби се преврте на патот Струмица-Валандово. Повредените се пренесени за укажување помош во струмичката болница. Увид на местото извршија екипа на СВР-Струмица и јавен обвинител...

15 лица се повредени, од кои тројца се хоспитализирани во струмичката болница, откако утрово се преврте комби-автобус возило на патот Струмица – Валандово.
Од болницата соопштуваат дека сите патници се со полесни повреди, а трите лица се задржани заради понатамошна опсервација. Од полицијата соопштуваат дека возилото се превртело.
Сообраќајката се случила утрово околу 6 часот и 20 минути. Засега не се знаат причините како се превртело возилото во кое биле патниците.
Увид на местото на сообраќајката, освен екипа до полицијата изврши и јавен обвинител, кои треба да конкретизираат како се случи превртувањето на комби- возилото.
Ване Трајков
