Мицкоски: ДУИ се обидува да ја дефокусира јавноста со националистички пораки
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Ресен порача дека очекува со власта да се постигне договор за датумот за изборите.

Во отсуство на проекти и инвестиции, во ДУИ се обидуваат да ја дефокусираат јавноста со националистички пораки, вели Мицкоски.
Секогаш ДУИ кога се фатени во лоповлук, во кражба, во пљачка, тие веднаш вртат на националните теми, односно на национализам и шовинизам. ДУИ е веќе во кампања, периодов што следи вакви провокации ќе има. Колку се тие провокации националистички поголеми, бидете свесни дека повторно некој тендер се решава во четири очи и повторно се пљачкаат македонските граѓани, вели Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Ресен порача дека очекува со власта да се постигне договор за датумот за изборите. Во партијата ги очекуваат кандидатите за претседател.
