Г7

Шефовите на дипломатиите од Г7 на средба во Токио

07.11.2023 15:50

Блискиот Исток, поддршката за Украина, Северна Кореја и растечкото влијание на Кина во светот – главните теми на Самитот во Токио на шефовите на дипломатиите на Г-7 …

Состанок на шефовите на дипломатиите на Г7 и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи на во Токио. Блискиот Исток, поддршката за Украина, Северна Кореја и растечкото влијание на Кина во светот се главни теми на дводневниот самит.

„Како што меѓународната ситуација станува потешка и комплицирана, блиската комуникација меѓу Г-7 никогаш не била поважна. Денес и утре би сакал лице в лице да разговараме за итните прашања во светот“, изјави Јоко Камикава-министерка за надворешни работи на Јапонија.

„Агендата што Јапонија ја постави за Г7, вклучително и поддршка за Украина, економијата, климатските промени, глобалното здравје и безбедноста на храната се од витално значење“, изјави Антони Блинкен -државен секретар на САД.

Соработка и на воено поле. Лондон и Токио потпишаа Меморандум за соработка и договорија безбедносен пакт кој вклучува одржување заеднички воени вежби.

„Како што гледаме на инцидентите во Јужното Кинеско Море и Источнокинеското Море, како и ситуацијата во Газа и во јужен Израел, и се разбира, бруталната инвазија на Русија врз Украина, живееме во нестабилен свет. Колку и да се нестабилни сега, силните партнерства се важни повеќе од било кога“, рече Џејмс Клеверли-министер за надворешни работи на Велика Британија.

„Го поздравуваме планот на Обединетото Кралство за прераспоредување на ударната група на носачи во Индо-Пацификот. Одбранбените сили на Јапонија и британската армија планираат да одржат вежба во Јапонија овој месец“, изјави Минору Кихара-министер за одбрана на Јапонија.

Од Брисел велат дека посетата на шефот за надворешна и безбедносна политика Борел на Јапонија е можност за зајакнување на односите меѓу ЕУ и Токио.

 

Маријана Димовска