свет

Германија со нови построги мерки за намалување на бројот на мигранти

07.11.2023 18:23

Азилантите ќе добиваат и помалку пари во иднина, годишен паушал од 7.500 евра...

Нови построги мерки за намалување на бројот на мигранти кои пристигнуваат во Германија. Канцеларот Шолц и 16 гувернери на сојузните покраини договорија промена на системот на трошоците за финансирање на барателите на азил и забрзување на процедурите. Азилантите ќе добиваат и помалку пари во иднина, годишен паушал од 7.500 евра.

Контролите што Германија ги воспостави на своите граници со Швајцарија, Чешка, Полска и Австрија ќе бидат продолжени на неодредено време. Претходно беше постигнат договор меѓу Рим и Тирана за изградба на бегалски кампови во Албанија за 36 илјади луѓе.